Во тек е конкурсот за студентски стипендии

21.11.2015 11:11 | KumanovoNews

Заинтересираните студенти можат електронски да аплицираат до 27 ноември годинава, а потоа сите потребни документи, се доставуваат до Министерството за образование и наука  до 15 декември.

Во тек е конкурсот за студентски стипендии

За академската 2015/2016 година се доделуваат 2.905 студентски стипендии и согласно одлуката на Владата од мај износите на стипендиите се зголемени за 10 отсто.

Првата категорија на стипендии е за студенти од социјално загрозени семејства, односно семејства корисници на социјална парична помош или друг вид поддршка од државата, со што предност имаат децата на самохрани родители, децата без родители и студентите со посебни потреби. Нивниот износ е 3.300 денари за 9 месеци.

Втората категорија е за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од најмалку 8.50, а за студентите на општествените науки и уметностите најмалку просечен успех од 9,00. Се доделуваат 630 стипендии од по 4.400 денари.

Има и 125 стипендии во износ од 6.050 денари за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, најмалку просек 9.00, а се запишани на студиски програми по информатика.

Во последната категорија се доделуваат 650 стипендии од 3.300 денари, наменети за студенти запишани на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки кои постигнале просечен успех од најмалку 7.00.

Резултатите ќе бидат објавени на 30 декември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk