Во тек е мерката за субвенционирање при вработување

08.06.2023 10:05 | Сузана Николиќ

Центарот за вработување од Куманово, во согласност со Оперативниот план, објави повик до заинтересираните невработени лица и работодавачи за учество во мерката субвенционирање на вработување, чија цел е поддршка за вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат во пазарот на трудот.

Во тек е мерката за субвенционирање при вработување

„На работодавачите им се доделува финансиска помош за исплата на бруто плата во износ од 19.000,00 денари месечно, за период од 6 месеци, со обврска да го задржат лицето во работен однос дополнителни 12 месеци. Во тек е повикот до микро, малите и средните претпријатија, како и до социјални претпријатија и граѓански организации кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места“, велат од Центарот за вработување во Куманово. 

 Во тек е и повик за втора мерка, финансиската поддршка за вработување на лице на возраст над 29 години и таа изнесува 92.000 денари, додека за вработување на лице до 29 години возраст поддршката изнесува 153.750 денари.  Воедно, за вработување на лица кои се корисници на гарантирана минимална помош и за невработени лица Роми, финансиската поддршка изнесува 200.000 денари, а за жени Ромки со завршено средно или високо образование поддршката изнесува 220.000 денари.
  
Повикот е отворен до 12 јуни годинава, а сите информации можат да се добијат во Центарот за вработување во Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk