Во тек е пријавувањето за “Град на културата“ за 2016

17.11.2015 14:20 | KumanovoNews

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање на проектот „Град на културата" во 2016 година, кој ќе трае до 7 декември годинава.

Во тек е пријавувањето за “Град на културата“ за 2016

На конкурсот можат да учествуваат градовите во земјава, а пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која треба да се преземе од веб–локацијата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk) и да се пополни електронски.

Кон  пријавата задолжително треба да се приложи прецизна фестивалска програма со препознатлива културна и историска традиција и краток осврт на проектите кои се составен дел од програмата. При разгледувањето на пријавените програми, предност ќе имаат: програми што содржат проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација, програми кои афирмираат домашно творештво и домашни автори и програми кои презентираат творештво со стилска и жанровска разновидност и кои подразбираат соработка со врвни уметници - стои во соопштението од Министерството за култура.

Манифестацијата „Град на културата“ се организира за да се обезбедат услови за рамномерен културен развој, но и да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво.  Годинава општината Велес ја имаше  титулата  „Град на културата“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk