Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основните училишта во тек е уписот на првачиња кој ќе трае до крајот на месец мај.
Родителите за упис треба да достават извод од матична книга на родени, потврда за примени вакцини и потврда од стоматолог. Во прво одделение ќе се запишат децата родени во текот на цела 2008 година и со согласност од родител, психолог и педагог може да бидат примени и деца родени во јануари 2009 година.
- Се прави проверка на предзнаења за што во секое училиште педагошко - психолошката служба посебно си составува прашања. Секое дете ја поминува оваа проверка. Ги запишуваме децата од нашиот реон по улици, а децата од населба Средорек се запишуваат кај нас, во “Крсте Мисирков“ и “Браќа Миладиновци“ - велат од психолошко - педагошка служба во “11 Октомври“.
Рокот за упис трае месец дена, но и по истекот на овој рок родителите кои задоцниле ќе можат да ги запишат децата во прво одделение.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk