Во тек е увид во избирачките списоци

27.04.2011 08:31 | KumanovoNews

 Од завчера започна увидот во избирачкиот список. Во наредните десетина  денови граѓаните ќе можар да направат увид во Избирачкиот список, заклучно до 4 мај.

Во тек е увид во избирачките списоци

Во Куманово граѓаните увидот можат да го извршат секој ден до 19 часот, вклучувајќи ги и деновите од викендот, во канцеларијата на подрачното Министерство за правда, кое се наоѓа во општинската зграда.

Роковите за увидот се скратени, согласно изборниот законик, поради тоа што се работи за предвремени парламентарни избори. Веднаш по затворањето, Државната изборна комисија најдоцна за десет дена ќе го заклучи Избирачкиот список, во кој ќе се направат сите промени кои произлегле од увидот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk