Во тек пријавување за “Скулптурите на новото време 2015“

13.07.2015 09:10 | KumanovoNews

Од Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ , организатор и координатор на изложбата “Скулптурите на новото време 2015“,  ги повикуваат академските склуптори да се пријават за учество.

Во тек пријавување за “Скулптурите на новото време 2015“

“За учество потребно е да пријавите едно неизложувано дело по ваш избор, со димензии не поголеми од 60х60х60 cm, изработено од цврст материјал, погоден за транспорт, по можност од најновиот период неизложувано.

Периодот на собирање на делата е од  6 до 16 јули 2015 година. Изложбата ќе се отвори во НУ Центар за култура Куманово на 30 јули 2015 година во 20 часот“ - велат од Центарот за култура.

Во текот на месецот септември делата ќе бидат вратени на авторите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk