Во угостителски објект во центарот на градот затекнати 49 гости кои не ги почитувале здравствените протоколи

26.02.2021 11:05 | KumanovoNews

Во СВР Куманово, вчера во 17.20 часот било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.

Во угостителски објект во центарот на градот затекнати 49 гости кои не ги почитувале здравствените протоколи

„Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на И.А.(30) од Куманово, а изнајмен на А.М.(20) од Куманово, биле затекнати 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, со што биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на ковид 19“ - соопштува МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk