Во Ваксинце ограбен мигрант

27.04.2016 13:20 | KumanovoNews

Неколку непознати лица ограбиле мигрант од Сирија во липковското село Ваксинце.

Во Ваксинце ограбен мигрант

Разбојништвото се случило вчера напладне кога А.Т. излегол од Прифатниот центар Табановце да оди во продавница во селото. По пат бил пресретнат од непознатите, кои му се заканиле дека ќе го убијат и му побарале пари. Откако им рекол дека нема, физички го нападнале и му одзеле 10 евра и 2.400 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk