Во Ваксинце откриени 43 мигранти од Бангладеш, уапсен камионџијата што ги превезувал

23.02.2020 10:38 | KumanovoNews

Во близина на бензинска пумпа на автопат Табановце- Куманово, синоќа околу 21.40  полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода Б.Д.(29) од Скопје, кој управувал товарно моторно возило „Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.

Во Ваксинце откриени 43 мигранти од Бангладеш, уапсен камионџијата што ги превезувал

По превземените активности полициски службеници во реонот на с.Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш коишто биле превезувани во возилото.

Лицата – мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk