Во вториот круг силите ќе ги одмерат Ѓорѓиевски и Дамјановски

26.03.2013 15:22 | KumanovoNews

 Од Општинската изборна комисија денеска и официјално потврдија дека во вториот круг од гласањето, на 7 април за позиција градоначалник ќе се бира меѓу кандидатите Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Дамјановски од СДСМ.

Во вториот круг силите ќе ги одмерат Ѓорѓиевски и Дамјановски

Во вториот круг влегуваат Зоран Ѓорѓиевски од Коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ кој има тесно водство пред Зоран Дамјановски од коалицијата Сојуз на иднината.  Изборите завршија фер и демократски во првиот круг. Приговори и забелешки немаше од ниту една партија. Очекуваме изборите да бидат фер и во вториот круг- вели Виолета Арсовска, претседател на ОИК.

ОИК до среда ќе ги прима барања за гласање на болни и изнемоштени. А во сабота ќе гласаат и затворениците. Овојпат нема да гласаат раселените лица, бидејќи трката за градоначалник за Липково е завршена. Материјалот за изборите ќе пристигне во текот на неделата, а недоверливиот материјал, кутии и паравани што се користеа во првиот круг ќе се користат и за вториот.

На гласачкото ливче Зоран Дамјановски останува под број 42, а Зоран Ѓорѓиевски под број 19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk