Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во вторник ќе нема настава во училиштата, бидејќи почнува штрајкот на просветните работници.
Наставниците ќе бидат на своите работни места, но нема да одржуваат часови.
“Родителите сами нека одлучат дали децата ќе дојдат на училиште или не, меѓутоа часови нема да има. Исто и во градинките нема да има прием на деца, тоа ќе биде класичен штрајк. Штрајкот до кога ќе трае никој не знае и не зависи од нас, но ние сакаме што побргу да се решaт нашите барања. Ние смe подготвени да најдеме решение кое ќе биде прифатливо за нас и за другата страна“ - рече Селајдин Дестани, претседател на Регионален просветен синдикат.
Дестани вели дека платите на неговите колеги не се зголемени од 2009 година. Просветните работници бараат 25 отсто покачување, укинување на казните за наставниците и намалување на административниот дел од работата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk