Во вторник ќе се одбележи загинувањето на Карпош

03.02.2017 13:11 | KumanovoNews

Сојузот на борците Куманово, традиционално ќе го одбележи 7. февруари, Денот на загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош.

Во вторник ќе се одбележи загинувањето на Карпош

Во вторник во 11 часот, пред спомен куќата на Карпош ќе положат цвеќе, а ќе има и пригодно обраќање и програма.

Истиот ден една делегација ќе замине во селото Биљача, кое се наоаѓа на десетина километри пред Прешево во соседна Србија, и ќе положи цвеќе на спомен-бистата на Карпош во дворот на селското училиште.

Народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош загина на 7 февруари 1944 година во дворот на училиштето каде што биле сместен бугарскиот окупатор, додека го предводел кумановскиот батаљон.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk