Во вторник, среда и петок дератизација во Куманово

08.10.2018 08:31 | KumanovoNews

Во следните неколку дена, поточно утре, задутре и  во петок ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територијата на општина  Куманово.

Во вторник, среда и петок дератизација во Куманово

Третманот ќе се изврши со поставување на мамки во отворите од шахти на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот  да не се изврши поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден, - соопштуваат од Општина Куманово.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.  Затоа се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамките, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk