Во “Зафир Сајто“ набавени нови душеци

02.06.2015 12:30 | KumanovoNews

Домот за стари лица “Зафир Сајто“ набави 30 нови душеци со сопствени средства.

Во “Зафир Сајто“ набавени нови душеци

Во најбрз можен рок овие душеци ќе почнат да се употребуваат, со што условите во установата значително ќе се подобрат. Директорот Џемаљедин Неџипи објаснува дека домот има 150 корисници, и ова е само почеток на замената на душеци, а  следната набавка ќе биде направена наредната година.

“Постепено ќе продолжиме да ја подобруваме услугата во домот за старите лица. Овие душеци не ги задоволуваат потребите затоа што имаме околу 150 корисници и ќе треба сите душеци да ги заменуваме. Меѓутоа не се сите стари. Постепено во друг период, во друга фаза планираме да набавиме уште душеци. Друга набавка на душеци ќе има наредната година, затоа што оваа година немаме право да набавиме пак. На почетокот на наредната година мислам дека ќе набавиме повеќе душеци. Сите овие работи се направени со средства од сопствените приходи“ - рече Неџипи.

Тој додава дека есенва ќе бидат реновирани 12 соби во првиот реон во домот, тоалети, бања и холот во установата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk