Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Домот за стари лица „Зафир Сајто„ со низа манифестации се одбележува Неделата за грижа на стари лица, која трае до 21 до 27 ноември.
„Вчера во Домот, престојуваа играорци од фолклорната група на Здружението на пензионери, кои ги развеселија нашите корисници. Тоа беше несекојдневна можност да уживаат во настап на луѓе од нивна генерација. На гости ни беа и активистите од општинскиот Црвен крст, како и членовите на поетското друштво Обденица, кои читаа поезија а се претставија и со музички точки. Неделата ја започнавме со посета на учениците од „Кочо Рацин“ кои изведоа специјална програма, - вели директорот Џемаљедин Неџипи.
Во Домот за стари лица „Зафир Сајто„ сместени се околу 150 лица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk