Водата од резервоарите за високата зона може непречено да се користи, велат надлежните

22.05.2024 19:52 | Сузана Николиќ

Водата од бунарите во Проевце и Бедиње која се користи за снабдување на високата зона во градот може непречено да се употребува во домаќинствата, бидејќи тие функционираат засебно, велат од Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово по одржаниот состанок.

Водата од резервоарите за високата зона може непречено да се користи, велат надлежните

„Водоснабдителните системи во висока зона (населба „Карпош“, дел од населба „Перо Чичо“ (Банево Трло) , „Ајдучка Чешма“, нас.„Иго Тричковиќ“ (Пуковско), резервоар кај ул.„Бајрам Шабани“, с.„Черкези’ и нас.„Железничка Станица“, во моментот функционираат засебно и таа вода може да се користи непречено“, соопштуваат од Кризниот штаб.

Исто така беше одлучено да се пушти техничка вода во системот за снабдување на вода, бидејќи матноста на водата во браните Липково и Глажња е намалено. Притоа се апелира водата задолжително да се преврива.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk