Водата во Клечовце загадена

01.03.2013 13:36 | KumanovoNews

Од Центарот за јавно здравје апелираат до мештаните да не ја употребуваат водата за пиење додека не се изврши дезинфекција на мрежата

Водата во Клечовце загадена

Водата во водоводната мрежа во селото Клечовце, не е за пиење ниту може да се употреба во домаќинството, по големите поплави кои го зафатија регионот. Од Центарот за јавно здравје-Куманово информираат дека анализите покажале дека водата е загадена

Се известуваат жителите од селото Клечовце дека водата од локалниот водовод во селото не смее да се користи за пиење, готвење и миење, се додека не се изврши чистење и дезинфекција на резервоарот и водоводната мрежа- се вели во соопштението од Центарот за управување со кризи.

 Во наредните денови водоводната мрежа ќе биде дезинфицирана, а потоа ќе се направата нови анализи на водата. Населението ќе биде навремено информирано за исправноста на водата.

 Селото Клечовце беше најмногу зафатено од големите полави предизвикани од излевање на реката Пчиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk