Водици неработен ден за граѓаните од православна вероиповед

18.01.2024 11:25 | KumanovoNews

Празникот Богојавление - Водици, е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија. 

Водици неработен ден за граѓаните од православна вероиповед

„Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2024 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија“, соопштува Министерството. 

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk