„Водовод„ апелира за рационално трошење на водата

31.12.2014 11:07 | KumanovoNews

Поради поголем дефект на индустрискиот вод на Водостопанство, намален е дотурот на вода за 40 литри во секуда на Филтер станицата во Куманово, а зголемена е потрошувачката на вода од граѓаните.

„Водовод„ апелира за рационално трошење на водата

Тоа допринесува во одредени делови на градот да има намален притисок на вода. Затоа од јавното претпријатие Водовод апелираат до граѓаните рационално да ја трошат водата и да не ги оставаат чешмите да течат поради ниските температури. Поради студот има повеќе дефекти и на водоводната мрежа во градот. Раководството најавува дека проблемот ќе биде решен до петок и ќе се нормализира водоснабдувањето.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk