„Водовод“ ќе ја намали таксата за приклучок на вода

21.02.2014 12:46 | KumanovoNews

ЈП „Водовод„ наскоро ќе овозможи граѓаните заостанатиот долг да го исплаќаат на рати, а ќе ја намали и цената за приклучок на вода.

„Водовод“ ќе ја намали таксата за приклучок на вода

Менаџментот на претпријатието ќе ги воведе овие новини за да им помогне на граѓаните да се одлободат од старите  долгови, а истовремено и да подобри финасиската состојба на претпријатието.

Сите граѓани кои сакаат да го прифатат овој начин на раздолжување, ќе треба да се пријават во нашето претпријатие од 1 март до 1 јуни. Во зависност од висината на долгот ќе се одреди износот и бројот на рати. Износот нема да биде понизок од 300 денари, а повисока од 500 денари. На овој начин сакаме да им помогнеме на граѓаните, да не одиме на суд и да праќаме извршители, туку на обострано задоволство да го решиме проблемот - вели директорот Горан Стојковски.

Долгот на граѓаните кон водовод изнесува одколу 1,5 милион евра, а заедно со правните субјекти, од кои дел се и пропаднатите фабрики, тој изнесува 3,5 милиони евра.

Покрај пониската цената на приклучокот за вода Водовод ќе ги намали и цените на другите услуги што ги нуди на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk