„Водовод“ доби струја

07.04.2015 13:49 | KumanovoNews

Со времена судска одлука, вклучена е електрична енергија во дел од управната зграда на јавното претпријатије “Водовод“.

„Водовод“ доби струја

Со оваа одлука е овозможено да функционира софтверскиот центар на “Водовод“ , со што ќе се овозможи континуирано и сигурно водоснабдување на граѓаните, одведување на урбани отпадни води, нормално пријавување на дефекти на дежурните телефони, штампање и раздолжување на сметки, набавка на потребни хемикалии и делови за санирање на дефекти - изјави Горан Стојковски, директор на “Водовод“.

Десетина дена дел од објектите на “Водовод“ беа без струја, поради неплатен долг од 60 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk