“Водовод“ и ЕВН сеуште без договор-на повидок водна криза

01.04.2015 07:37 | KumanovoNews

ЈП “Водовод“ и ЕВН Македонија сеуште не постигнале договор за начинот на плаќање на долгот од 1 милион евра и приклучување на струја во управната зграда на претпријатието.

“Водовод“ и ЕВН сеуште без договор-на повидок водна криза

“Водовод“ веќе седми ден е без струја, но засега нема поголеми водоснабдителни проблеми низ градот. Директорот Горан Стојковски вели дека повеќе неможат да издржат без струја.

“Не можеме да работиме, не можеме да вршиме наплата, а со тоа нема да можеме да платиме не само на ЕВН, туку и на други каде што сме должни. Веќе имаме одреден долг кон Водостопанство. Од утре можно е да има проблеми, не само во централно градско подраче, туку и во високите зони. Вакан проблемите не се решаваат, туку само се мултиплицираат“ - рече Стојковски.

Тој додава дека граѓаните се доста ажурни и сите дефекти ги пријавуваат на телефонскиот број 070 33 41 30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk