Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Раководствата на јавните претпријатија „Водовод“ и Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“ два дена преговараа и сеуште неможат да се договорат под кои услови да се стави во функција бај пас цевководот, кој треба да обезбеди дополнителни количини на вода за градот.
Камен на сопнување во преговорите биле парите.
Од Водостопанство бараат парични средства кои не сме во можност да ги исплаќаме, а тоа се 3 милиони денари месечно за пуштање на бај пас цевководот. Разгoворите продолжуваат, но сеуште немаме допирна точка и не сме договориле ништо - изјави Горан Стојковски, директор на “Водовод“.
На денешниот состанок во зградата на локалната самоуправа, покрај директорите присуствувале и неколку советници од Советот на општина Куманово.
Разговорите за изнаоѓање решение за водоснабдувањето во летниот период продолжуваат и утре.
Проблемот со водоснабдувањето на градот се актуелизираше пред неколку дена откако жителите на повисоките зони останаа без вода, а двете претпријатија поради политичка нетрпеливост меѓусебно си ја префлаат вината на штета на граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk