Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпријатије “Водовод“ го подобрува финасиското работењето како резултат на повисока наплата и намалени загуби на вода.
Во третиот квартал во оваа година “Водовод“ има добивка од 50.000 денари. Директорот Горан Стојковски вели дека долгови се акумулирани од претходните години, поради високата цена на сирова вода, но полека претпријатието го подобрува работењето.
„Наш најголем товар ни е цена на вода од претходен период и поради тие заостанати долгови, ние на годишно ниво прикажуваме загуби. Инаку гледајќи го само тековното работење секој квартал ни е позитивен. Фактурирање и наплата се зголемени, решавање на дефекти е во најкраток можен период, загуби на вода се налени на најниско можно ниво во однос на просекот на Република Македонија. Присуство на наши инкасатори е зголемено што ни го потврдуваат граѓани“ - изјави Стојковски.
Советниците на денешната седница на Советот на општина Куманово, го изгласаа извештајот за финансиско работење за период јули - септември годинава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk