Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпријатије „Водовод“ во 2014 година бележи загуба од 20 милиони денари, која е направена генерално поради високата цена на сирова вода.
За работењето на “Водовод“ расправаа советниците во Советот на општина Куманово, кои освен за загубите, покажаа загриженост и за опасноста од појава на водоснабдителни проблеми во летниот период.
Можеби е време цената на вода и другите проблеми да се најдат на посебна седница. Летото е на прагот и треба да се надминат некои проблеми. Да не дојде сето ова да се одрази на грбот на граѓаните на Куманово. Граѓаните заслужуваат едно квалитетно водоснабдување - рече Јовица Станковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот на “Водовод“, Горан Стојковски објасни дека проблемите кои се напластувале со години, не може да се решат за кратко време и потребна е помош од општината, Советот и други институции. Стојковски вели дека лани расходите ги намалиле и подмириле стари долгови, што е за поздравување.
Во 2014 година ги имаме покачено приходите по сите основи за 7 милиони денари, во однос на 2013 година, а сите расходи ги имаме намалено за 15 милиони денари. Тоа значи дека во самото претпријатије се останати 22 милиони денари, кои се потрошени за плаќање на стари долгови, средување на ситуација со изгубени плати, социјално и здравствено осигурување, земање на опрема за што побрзо решавање на дефекти - кажа Стојковски.
Советниците на вчерашната 36-та седница на Советот на општина Куманово, гласаа за извештајот за работа и финансискиот извештај на “Водовод“ во 2014 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk