„Водовод“ со добивка во последното тромесечје

26.08.2015 14:45 | KumanovoNews

Јавното претпријатије во периодот од 1 април до 30 јуни годинава, има добивка од  1.258.000 денари.

„Водовод“ со добивка во последното тромесечје

Директорот на „Водовод“, Горан Стојковски вели дека покрај вториот квартал кој го завршуваат позитивно, сепак за првите шест месеци имаат загуба од над 3 милиони денари, и ќе се трудат во наредните квартали да ги подобрат резултатите.

Се надеваме дека во трет и четврт квартал ќе покажеме добри резултати, иако тоа ќе биде навистина тешко имајќи во предвид дека скоро два месеци една третина од Куманово нема нормално водоснабдување, нема ни што да наплатиме. Ќе ги направиме сите напори, да бидеме успешни до крајот на годината - рече Стојковски.

Советниците го изгласаа извештајот за финансиското работење на „Водовод“ во вториот квартал од 2015 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk