„Водовод“ за три месеци направил загуба од 15 милиони денари, тврди Левица

02.11.2022 15:09 | Сузана Николиќ

ЈП „Водовод“ Куманово во последните три месеци направило рекордна загуба во износ од 15.025.075 денари или над 240 илјади евра,  тврдат од партијата Левица.

„Водовод“ за три месеци направил загуба од 15 милиони денари, тврди Левица

„На деветaта седница на ЈП „Водовод“ Куманово одржана на 01.11.2022 година едногласно беше подржано работењето на ЈП „Водовод“ со рекордна загуба во износ од 15.025.075,00 денари за само 3 месеци. Единствено поддршка не добија од нашиот член, бидејќи беше против ваквото работење. Вакво темпо на работа на ЈП „Водовод“ Куманово е забележано во последните 9 месеци од 2022 година, поради фактот што претпријатието има остварено загуба од своето работење во износ од 27.792.200 денари што укажува на сериозноста на овој проблем. Оваа состојба мора да биде регулирана, бидејќи ваква пракса во работење на ЈП „Водовод“ Куманово е на штета на жители на Куманово и не смее да се дозволи да продолжи. Левица Куманово како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува во интерес на граѓаните, го спречува ваквото недомаќинско работење и трошење на парите на граѓаните“, соопштуваат од партијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk