Водство на Иванов во Куманово

13.04.2014 20:00 | KumanovoNews

Кандидатот за претседател на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  Ѓорѓи Иванов води пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.


Водство на Иванов во Куманово

 Според податоците од аналитичкиот центар на СДСМ за Пендаровски гласале 18 565 избирачи, додека за Иванов 18 837 граѓани,  Зоран Поповски од ГРОМ освоил 1858 гласа и Илијаз Халими од ДПА 1925 гласа.

Од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, пак велат дека Ѓорѓе Иванов води со 19.000 гласа , а Стево Пендаровски има 18.600 гласа.

Во општина Старо Нагоричане пак Иванов засега води со 1050 гласа за разлика од Пендаровски за кого гласале 700 жители.

Во Општина Липково излезноста беше најслаба, пребројани се сите гласови. Од вкупно евидентираните 23 566 гласачи, 2061 глас добил кандидатот на ДПА Илијаз Халими,  за Иванов гласале двајца граѓани, Пендаровски освоил 18 гласа а за Зоран Поповски својот глас го дал само еден избирач.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk