Волк задавил овци во Пчиња

17.09.2015 13:26 | KumanovoNews

8 овци и 2 кози задавил волк во селото Пчиња. Крволочното животно дошло од шумата и утринава влегло во трлото на семејството Петровски.

Волк задавил овци во Пчиња

Волкот дошол околу 5 часот. Јас пред тоа бев надвор, беше мирно и се вратив да легнам, но кучињата започнаа да лаат. Ѓавол не ми даде да станам и да видам зошто лаат. Кога дојдов околу 6 видов катастрофа, удавени овци, сигурно се волци, нема што друго да е. 7 овци преживеаа, тие се повредени на вратот. Ги вакциниравме, но ветеринарот не знае дали ќе останат живи - вели сопственикот Никола Петроски (70) од село Пчиња.

 Петровски има стадо од 115 овци, кои не се осигурани. Причинета му и е штета од околу 1000 евра, бидејќи овците се пред јагнење.

Селаните на Пчиња кажуваат дека досега немало случај волк да влезе во трло, а последен пат пред 6 години удавил овца во шумата над селото.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk