Волонтери ќе доставуваат храна од маркетите до граѓаните

04.04.2020 14:48 | KumanovoNews

 Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на општина Куманово да определи економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Општина Куманово, во деновите сабота и недела.

Волонтери ќе доставуваат храна од маркетите до граѓаните

За оваа цел, се задолжува Општинскиот кризен штаб на општина Куманово, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намириници до домовите на граѓаните, - соопштуваат од Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk