Волонтери ќе ги едуцираат младите за дрога, алкохол и цигари

28.10.2015 12:25 | KumanovoNews

Волонтери од општинската организација на Црвен Крст од Куманово, во месец ноември ќе ги едуцираат учениците од градот да не користат дрога, алкохол и цигари.

Волонтери ќе ги едуцираат младите за дрога, алкохол и цигари

Оваа активност Црвениот Крст ќе ја реализира по повод ноември - Месецот на борба против болести на зависности.

Ова е наша календарска активност. Ќе бидат опфатени 5 средни и 5 основни училишта, односно ќе бидат едуцирани околу 300 младинци. Ќе им биде укажано кои се лошите ефекти од користење на дрога, алкохол и цигари - вели Раде Ристиќ од Црвен Крст.

Паралелно Клубот на млади во Црвен Крст врши прием на нови волонтери на  возраст од 14 до 30 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk