Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Волонтерите утревечер во 20.30 часот, ќе ги изгасат светилките во просториите на Црвен Крст Куманово, со што ќе се приклучат на глобалната акција „Часот на планетата земја“.
Целта на акцијата е преку еден ваков гест, да се прати порака за спас на планетата.
Поради неповолните временски услови, акцијата ќе ја одбележиме внатре во просториите на Црвен Крст од 20.30 до 21.30 часот. Мотото е “Употреби ја твојата моќ и промени ги климатските промени - вели Сања Росевска од Црвен Крст.
Црвениот Крст Куманово шеста година по ред се приклучува на оваа глобална акција. Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои ќе ги исклучат светилките во над 8.000 градови. Дел од акцијата се многу компании и јавни личности.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk