Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Странски волонтери, гости на Центарот за меѓукултурен дијалог, утре на градскиот плоштад во 17 часот организираат настан “Нека биде чисто“ со цел да ја подигнат еколошката свест на граѓаните.
Една од волонтерките при самото доаѓање забележала дека Куманово е многу нечисто и со еден ваков настан сака да придонесе за почист град.
- Таа се прашуваше како можат луѓето во Куманово да живеат на ваков начин. Сака да организира настан за да ја подигне свеста на граѓаните и самите да сфатат во каква средина живеат и колку време е потребно отпадоците кои ги фрлаат да се разградат. Ќе имаме мал хепенинг на плоштад на кој што со случајните минувачи ќе правиме различни анкети, ќе имаме повеќе активности интересни за сите возрасти од 7 до 77 години - вели Катерина Ѓорѓиевска, координатор на ЦИД.
Во ЦИД моментално има шест странски волонтери кои подолг период ќе бидат во градот и ќе реализираат различни активности.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk