Волонтерите и пензионерите ги прославија „Свети Трифун“ и Валентин

14.02.2018 15:56 | KumanovoNews

По повод празникот „Свети Трифун“ и Денот на вљубените, Општинска организација на Црвен крст Куманово и Здружение на пензионери Куманово, организираа заедничко дружење.

Волонтерите и пензионерите ги прославија „Свети Трифун“ и Валентин

На традиционалната музичко-забавна средба помеѓу пензионерите и волонтерите беа изведени извадоци од драми, претстави, се читаше љубовна поезија, со вино, песни и ора.

„Постарите не потсетуваат нас помладите колку е битно да се има љубов во животот и ни раскажуваат по некоја романтична приказна од нивниот живот, а пак ние младите ги ипресионираме со нашата хуманост и љубовта, која не штедејќи се себеси ја шириме во текот на цела година“- соопштуваат волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст.

Ова дружење трае веќе 7 години, и се спроведува успешно помеѓу младите волонтери на Црвен крст и кумановските пензионери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk