Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минатата недела регистрирани се нови 278 случаи на заболени од грип што е за 150 повеќе во однос на предходните 7 дена
Центарот за јавно здравје започна вонредна дезинфекција за превенција од сезонски грип во градинката „Ангел Шајче„ и Општата болница Куманово.
„Акцијата е при крај се одвиваше вчера и денеска. Извршена е дезинфекција во сите објекти во градинките и на одделенија каде што се хоспитализирани болните од грип. Во текот на зимскиот распуст ќе се дезинфицираат и сите училишта, - изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Куманово.
Доктор Стаменковска вели дека бројката на заболени од сезонски грип во градот секојдневно се зголемува . Во текот на минатата недела регистрирани се нови 278 случаи на заболени од грип или слична сотојба на грип што е за 150 повеќе во однос на предходната недела. Најризична група се лицата на возраст од 17 до 64 години. Според податоците на Институтот за јавно задрвје Куманово е трет град во државата со 728 заболени од сезонски грип, по Тетово и Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk