Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска 09:00 до 14:00 часот ќе се одржи вонредната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст Куманово.
Од Црвениот крст посочуваат дека во овој период потребите од крв се зголемени, а резервите се намалени. Секоја дарувана единица крв може да биде од огромно значење и да спаси човечки живот.
„Ги повикуваме сите граѓани кои ги исполнуваат условите за дарување крв да се приклучат на акцијата и со својот хуман гест да помогнат некому на кого му е најпотребно. Дарувај крв – спаси живот“, стои соопштението.
(фото. архива)
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk