Вонредна крводарителска акција во Центарот за култура

08.06.2021 11:44 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре од 9 од 15 часот ќе се одржи вонредна крводарителска акција.

Вонредна крводарителска акција во Центарот за култура

Од општинската организација на Црвен крст ги повикуваат крводарителите да се вклучат во акцијата и заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста - крводарувањето, да ги зајакнат резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд.

„Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Одвојте 30 минути од вашето драгоцено време и бидете дел од крводарителската акција која ќе се одржи на 09.06.2021 (среда). Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот“, соопштуваат од Црвен крст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk