Вонредна крводарителска акција во вторник во Центарот за култура

22.04.2021 14:04 | KumanovoNews

Општинската организација на Црвен крст од Куманово во соработка со Заводот за трансфузиологија, во вторник од 9 до 15 часот, организира вонредна крводарителска акција во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Вонредна крводарителска акција во вторник во Центарот за култура

Тие ги повикуваат сите крводарители заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста - крводарувањето, да помогнат да се зајакнат резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд.

„Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на ковид-19 преку процесот на крводарување, бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв. Одвојте 30 минути од вашето драгоцено време и бидете дел од крводарителската акција која ќе се одржи на 27.04.2021“, соопштуваат од Црвен крст Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk