Вонредна седница на Советот поради пожарот на Краста

20.06.2024 08:38 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница за состојбата и превзмените мерки за гаснење на пожарот на депонијата Краста.

 

Вонредна седница на Советот поради пожарот на Краста

Предлогот за одржување на итната седница е на опозицијата во Советот, СДСМ и коалицијата.

Советниците ќе побараат од надлежните институции информација  и за преземените мерки за отстранување на штетните последици по здравјето и имотот на граѓаните. 

На седницата се поканети директорот на ЈП “Чистота и зеленило“, претставници на МВР, инспекциските служби за заштита на животна средина, месните заедници на селата Пчиња, Студена Бара и Вак`в и други.

Пожарот во депонијата Краста, каде се изнесува сметот од Куманово, избувна пред три дена, а непријатната миризба и загушливиот чад најмногу се чувствуваат во котлината на селата Пчиња, Студена Бара и Вак’в, но и на периферијата на градот.

Жителите на Пчиња и околните села излегоа на протест и го блокираа изнесувањето на сметот од градот, со обвинување дека надлежните не преземале доволно мерки за да се спречи пожарот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk