Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинска организација на Црвен крст Куманово организира вонредна летна крводарителска акција, поради намалените резерви на крв.
Акцијата ќе се одржи во вторник на 18. август, од 10:00 до 15:00 часот во холот на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
„Во летниот период потребите од крв се зголемени, а резервите се намалени. Затоа, секоја дарувана единица крв може да биде од огромно значење и да спаси човечки живот. Ги повикуваме сите здрави и полнолетни граѓани кои можат да даруваат крв да се приклучат кон акцијата и со својот хуман гест да помогнат некому на кого му е најпотребно. Дарувај крв – спаси живот!“, порачуваат од Црвен крст Куманово.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk