Вонредно учат за медицински сестри за да заминат во странство

27.10.2014 09:51 | KumanovoNews

Дваесетина кумановки, вонредно учат за медицински сестри во средното училиште “Наце Буѓони“ за да заминат на работат во странство.

Вонредно учат за медицински сестри за да заминат во странство

Се работи за жени на возраст од 30 до 40 години, кои веќе имаат завршено средно образование или факултет.

“ Од лани зголемен е интересот за вонредно учење за насоката медицински сестри. Има и мажи, но повеќето се жени. Некои се вработени, а некои невработени.  Сите имаат една цел да заминат на работа во Германија, Норвешка, бидејќи таму има работа и платите се големи.“- вели Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.

Медицинските сестри се дефицитарен кадар во повеќе европски земји и тоа: Шведска, Норвешка, Германија, Австрија, Белгија, Финска, Швајцарија и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk