Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утрово во 4.55 часот во кумановската полиција се јавил М.М. вработен во бензинска пумпа кај селото Романовце и пријавил дека е ограбен на работното место.
Според пријавата, на бензинската пумпа дошле четири непознати маскирани лица, со закана со пиштол и тврд предмет го затвориле во посебна просторија, и му одзеле мобилен телефон, пари од дневниот промет и цигари, по што го напуштиле лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на разбојниците.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk