Вооружен грабеж на бензинската пумпа „Твинс-петрол„

28.06.2015 12:26 | KumanovoNews

 Две маскирани и вооружени лица ноќеска ја ограбиле бензинската пумна „Твин-петрол„, која се наоѓа во близина на Железничката станица Куманово, на стариот пат Куманово- Скопје.

Вооружен грабеж на бензинската пумпа „Твинс-петрол„

Грабежот се случил во 3.25 часот, кога двајцата разбојници со чорапи на главите, од кои едниот вооружен со пиштол, се заканиле дека ќе ги убијат вработените ако не им ги дадат парите од касата. При тоа од  од тројцата вработени, одзеле од 150.000 – 200.000 денари.

Полицијата работи на пронаоѓање на крадците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk