Вооружен грабеж во продавница на Елида

23.12.2013 12:08 | KumanovoNews

Непознато маскирано лице, вооружено со ловџиска пушка и пиштол ја ограбило  продавницата на Елида во населбата Карпош.

Вооружен грабеж во продавница на Елида

Вооружето разбојништво се случило синоќа во 21 часот, кога напаѓачот со маска на лицето, ловечка пушка на рамето и со пиштол во рацета влегло во продавницата. При тоа и се заканил на вработената, и побарал да му ги даде парите од касата. Одзел околу 70.000 денари дневен промет и побегнал. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk