Воскресение Христово- Велигден

20.04.2014 07:17 | KumanovoNews

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е најголемиот христијански празник. Тоа е празник на победатата над смртта.

Воскресение Христово- Велигден

Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Исчезнала темнината на Велики Петок и заблескало утрото на воскресението. Тоа светло веќе две илјади години на сите луѓе со добра волја им го покажува патот кон среќата и спасението.

Веста за христовото воскресение ноќеска на полноќ ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири.

Денеска и католиците ширум светот го слават најголемиот христијански празник, Воскресение Христово.

Овој празник е спој на верата и традицијата. Симбол на Велигден е бојадисаното црвено јајце и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција.

Денеска верниците се поздравуваат со радосниот поздрав Христос Воскресе! Вистина Воскресе!

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk