Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири компании за превоз на патници ќе ги возат жителите на општината Старо Нагоричане
По пауза од една година повторно е воспоставен линискиот превоз од Куманово кон селата во козјачието. Превозот ќе вршат компаниите „Јоцо-Турс„, „Штуз„, „Нико-М„ и Стевани-Бенс„.
Автобусите на „Јоцо-турс„ ќе сообраќаат на две линии: Куманово - Никуљане - Старо Нагоричане - бања Стрновац и Куманово - Старо Нагоричане - Челопек - Татариновац. „Нико-М„ ја доби линијата: Куманово - Старо Нагоричане - Кокино - Арбанашко - Дејловце, превозникот „Стевани- Бенс„ ќе вози на релацијата Куманово - Војник - Бајловце и компанијата „Штуз„ од Куманово - Довезенце.
Конечно е нормализиран линискиот превоз во општината. Во меѓувреме луѓето се снаоѓаа, со сопствен превоз стигнува до Куманово. Решен е проблемот и со село Бајловце, бидејќи досега немаше никаков превоз,- велат од општина Старо Нагоричане.
За меѓуградскиот превоз договор потпишаа градоначалниците на Куманово и Старо Нагоричане.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk