Воз ги прегазил мигрантите на пругата во Табановце

27.01.2022 08:33 | Жаклина Цветковска

Двајцата мигранти кои завчера беа пронајдени починати кај железничката пруга во село Табановце биле прегазени од воз, соопштуваат од СВР Куманово.

Воз ги прегазил мигрантите на пругата во Табановце

„На 25.01.2022 одина, во 15.42 часот, во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во с.Табановце, кумановско, биле пронајдени две тела на починати лица мигранти. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово било констатирано дека лицата биле удрени од воз“, стои во соопштението од МВР.

Утврдено е дека станува збор за Ј.К од Авганистан, а сѐ уште се вршат проверки за утврдување на идентитетот на другото лице.

Телата се предадени за погреб по насоки од Јавен обвинител.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk