Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Воз удрил во автомобил на железничката пруга Куманово-Скопје, во селото Дељадровци.
Несреќата се случила вчера во 13.45 часот, кога шинско возило, сопственост на „Македонски железници“, кое се обраќало на делот од пругата помеѓу железничка станица Куманово кон железничка станица Миладиновци, на обележан железнички премин со звучна и светлосна сигнализација во с.Дељадровци, удрила во ПМВ „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 17.00 часот.
Извршен е увид, а повредени лица нема.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk