Воз удрил во комбе на железничкиот премин во Лопате, двајца повредени

19.11.2023 10:18 | Сузана Николиќ

Две лица се повредени утринава откако во нивното комбе удрил воз кој сообраќал на релацијата Скопје - Табановце на железничкиот премин во кумановското село Лопате.

Воз удрил во комбе на железничкиот премин во Лопате, двајца повредени

„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово.  Железничкиот собраќај е нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk