Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице загинало, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес - Штип кај крстосницата за с.Ново Село.
Сообраќајката се случила синиќа во 19.55 часот, помеѓу автобус марка „МАН“ со кратовски регистарски ознаки, управуван од М.К.(37) од Куманово и товарно возило марка „Фолксваген Крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(30) од Скопје.
Во незгодата починал С.Т., додека М.К. се здобил со тешки телесни повреди.
19 патници од автобусот се пренесени во општата болница во Велес, каде по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk